Барселона експресно се врати на врвот на табелата во Ла Лига, но каталонците ќе имаат незгодна задача да се задржат таму оп повредата на уште еден клучен првотимец.
Френки де Јонг неодамна се врати од повредата, но холандскиот ас настрада на денешниот тренинг, по што го очекува нова пауза од терените. Неофицијално, станува збор за сериозен проблем со мускулот на ногата, поради што одличниот играч за врска ќе отсуствува најмалку пет седмици од терените.
Ова значи дека Френки ќе ги пропушти двете средби од двомечот во осминафиналето од ЛШ (противникот ќе биде познат утре), низа средби од Примера, како и реваншот од полуфиналето на Копа дел реј против Атлетико Мадрид.
Де Јонг сезонава одигра 31 меч за Барселона во сите натпреварувања, притоа постигнувајќи еден гол и седум асистенции за каталонскиот гигант.
Добра вест за тренерот Флик е што барем Педри успеа да се рехабилитира од својата повреда, па шпанскиот плејмејкер би требало да се врати на терените викендов, на дербито со Вилјареал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

