Барселона се соочува со идентичен проблем како и на стартот на сезоната, кога по премиерниот меч со Атлетик Билбао претрпе пораз, а во првото полувреме мораше поради повреда да биде заменет Луис Суарез.
Истото беше случај и на вчерашниот дуел со Леванте, а деталните лекарски прегледи донесоа дополнителни главоболки за тренерот Ернесто Валверде. Имено, станува збор за обновување на старата повреда, а според првичните прогнози паузата ќе изнесува околу три седмици.
Ако има добра вест за Барса, тоа е што наскоро повторно ќе дојде до репрезентативна пауза, па Суарез сигурно ќе ги пропушти дуелите со Славија Прага и со Селта, но би можел да се врати за пресметката со Леганес закажана за 23 ноември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА