Барса повторно води на „Сантијаго Бернабеу“: Ракитиќ го „измери“ Куртоа

Барселона е на добар пат уште еднаш да го освои „Сантијаго Бернабеу“, овојпат во Ла Лига и да го нокаутира Реал Мадрид и во Ла Лига, откако го елиминира пред три дена во Купот на Шпанија. Каталонскиот гигант има водство (0-1) на полувремето со голот на Иван Ракитиќ во 26.минута. Тој одлично се снајде по проигрувањето од Серхи Роберто и со лоб удар од неколку метри го надмудри Тибо Куртоа.

 

 

Се вчитува...