Роберт Левандовски ги минува последните месеци како член на Барселона откако стана јасно дека полскиот голгетер нема да добие нов договор со каталонскиот гигант.
Полјакот е најплатен фудбалер на Барселона во моментов, согласен беше и на значително намалување на платата, но Лапорта и Деко имаат поинаква визија. Имено, Левандовски на стартот од новата сезона ќе наполни 38 години, па каталонците сакаат наместо да го задржат, на негово место да доведат нова елитна „деветка“, далеку помлада од ветеранот.
На агентот на Левандовски веќе му било соопштено дека клаузулата за продолжување на договорот нема да биде активирана, па голгетерот веќе на почетокот на јануари ќе може да потпише преддоговор со нов клуб, што ќе стане активен од 1 јули 2026.
Клубовите од Саудиска Арабија не ја кријат желбата да го доведат Левандовски во своите редови, но многу сериозни во истата намера се и челниците на Милан, кои по успешниот „експеримент“ со Лука Модриќ, сакаат следното лето да доведат уште еден врвен ветеран од Ла Лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

