Барса размислува за откупување на договорот на Рашфорд

Маркус Рашфорд го оправда своето доаѓање на позајмица од Манчестер Јунајтед со одличните настапи во Барселона. Во 23 официјални натпревари постигна седум гола и додаде девет асистенции, па клубот се повеќе и посериозно размислува за активирање на откупната клаузула од 30 милиони евра, пишува Мундо Депортиво.

Англичанецот се покажа како важно решение за тренерот Ханси Флик, особено додека тимот беше без повредениот Рафиња. Неговата голема предност е неговата разноврсност бидејќи може да игра на двете крила и во шпицот на нападот, што и дава на Барселона дополнителна тактичка ширина.

Иако конечната одлука за неговото останување ќе зависи од продолжението на сезоната и неговата улога по враќањето на Рафиња, клубот засега е многу задоволен.

Се вчитува...