Барса реши: Нејмар не игра на „Ел Класико“

Главната битка на вечерашното „Ел Класико“ сепак ќе се води на теренот, а победникот нема да се добие на “зелена маса“ откако Барселона донесе одлука да не го вклучи Нејмар во својот тим за натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“.

Каталонскиот гигант во изминатите 48 часа предизвика бура во спортската јавност со одлуката да испрати жалба до Спортскиот суд за Абритража во Шпанија во петокот попладне, а со оглед на фактот дека овој суд никогаш не заседава во тек на викендите, во Барса се надеваа дека немањето конечна одлука ќе значи и „одложување на казната бидејќи не се исцрпени сите можности за жалба“. Од другата страна стигнаа и закани дека доколку Нејмар игра, Реал би можел да се жали и да слави со службени 3-0, а клубот да добие и дополнителна финансиска казна.

Нејмар заедно со остатокот од тимот допатува во Мадрид, но утрово беше обелоденета и официјална информација од раководството на Барселона – Бразилецот нема да биде  во тимот за дуелот на „Сантијаго Бернабеу“.

Поради правната неизвесност и неодлучувањето од страна на Судот за Арбитража на 12 часа пред денешниот дуел, сакавме погледите целосно да се насочат кон спортскиот дел од дербито. Затоа, клубот донесе одлука Нејмар да не биде вклучен во тимот за мечот во Мадрид“ – се вели во соопштението на Барселона.

Се вчитува...