Барса сака да се ослободи од Арда Туран, но тој не сака во Кина

Каталонскиот гигант Барселона се обидува да се ослободи од турскиот интернационалец Арда Туран, кој дефинитивно не ги оправда очекувањата на „Камп Ноу“ по неговото пристигнување од Атлетико Мадрид. Тој подолг период е повреден, но и не е во плановите на новиот тренер Ернесто Валверде. За него пристигна одлична понуда од Кина, од Гвангжу Евергранде, но Арда Туран не сака да се пресели во Азија.

Втора оција за него е да замине на позајмица во Галатасарај оваа зима, но и тоа ќе зависи само од фудбалерот. Тој има договор со Барселона до 2020 година и можно е да не сака да си замине од „Камп Ноу“, со намера да се бори за место во тимот.

Се вчитува...