Барса сака да се „откачи“ од Алба, но тој не сака да си оди

Дефанзивецот на Барселона, Жорди Алба не сака да го напушти тимот во летниот преоден рок. Фудбалерот има намера да игра за „Каталонците“ до крајот на договорот, до јуни 2024 година. Барселона сака да се раздели со Алба, поради тоа што неговата плата  е преголема, односно до крајот на договорот треба да земе уште 38 милиони евра.

Шефовите на Каталонците треба да го намали буџетот за плати за 200 милиони евра, за да ги исполнат барањата во Ла Лига. 34-годишниот Шпанец се врати во Барса во 2012 година.

Освен него, Барселона мора да се ослободи уште од неколку играчи, за да ги исполни условите за плати и да може да регистрира нови играчи кои планира да ги донесе летово. Се шпекулира со заминување и на Кеси, Фати, Рафиња, а можно е Де Јонг.

Се вчитува...