Барселона е последниот патник на фајналфор турнирот во Евролигата што ќе се одржи во Келн откако каталонскиот гигант го декласираше Зенит во решавачкиот натпревар (79-53).
Рускиот состав изненади со извонредниот отпор на претходните четири натпревари, но Зенит вечерва немаше одговор за фанатичната одбрана на Барса што ја постави тренерот Јасикевичиус. Каталонците знаеја што сакаат, излегоа со далеку поголема енергија на теренот и доминираа од почеток до крај, не дозволувајќи сензација на оваа „мајсторка“.
Барсеона имаше десет различни стрелци на овој меч, а најефикасни беа Хигинс со 15 и Калатес со 12 поени. Кај Зенит единствен со двоцифрен ефект беше Појтрес со 11 постигнати поени.
Барса во полуфиналето од Ф4 турнирот во Келн ќе се сретне со Милано, додека во втората полуфинална пресметка силите ќе ги одмерат ЦСКА Москва и Анадолу Ефес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА