Барселона успеа да извлече еден бод против Севилја и да ремизира 2-2, иако до самиот финиш беше во негатива од два гола. Тренерот Ернесто Валверде го започна мечот без Лионел Меси, кој остана на клупата за резерви и тоа веднаш се почувствува во играта на каталонскиот тим. Севилја поведе со голот на Франко Васкез, а Луис Мјуриел на почетокот на вториот дел зголеми на 2-0.
Валверде потоа ја побара помошта на Меси и тоа даде ефект. Луис Суарез во 88.минута намали на 2-1, а веќе во следниот напад Лионел Меси израмни на 2-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА