Барса се вклучува во трката за Каи Хаверц

Шпанскиот првак Барселона повторно ќе пазари во Германија, но овојпат на листата на желби е фудбалер на Баер Леверкузен. По ангажманот на Осман Дембеле од Борусија Дортмунд, сега раководството на каталонскиот гигант се обидува да доведе играч од средниот ред. Тренерот Ернесто Валверде би сакал на „Камп Ноу“ да го види Каи Хаверц, одличниот играч за врска на „фармацевтите“ кој со 20 години го привлече вниманието на европските гиганти.

За Хаверц постои интерес и од Ливерпул, Манчестер Јунајтед, ПСЖ и од Јувентус, а Барселона е подготвена да плати 110 милиони евра и да го доведе на „Камп Ноу“ уште во јануари. Тој за Баер Леверкузен досега одигра 126 натпревари и постигна 31 гол, забележувајќи и 26 асистенции. За репрезентацијата на Германија има седум настапи и еден погодок.

Се вчитува...