Барса сигурна против Целје, Гог подобар од Монпелје

Ракометарите на Барселона остануваат максимални сезонава во Лигата на шампионите, откако во премиерниот натпревар од 5. коло славеа на гостувањето кај словенечкиот Целје со 31-37.

Каталонците уште во првиот дел ги разрешија сите дилеми околу победникот откако на пауза имаа предност од плус пет 17-22. До крајот само рутински го приведоа мечот за конечни 31-37. Мем, Ване и Јанц со по пет гола беа најефикасни кај победникот, додека кај поразените Жига Млакар заврши со шест гола.

Во истата група Б, Гог продолжува со одличните партии сезонава откако на домашен терен славеше над поранешниот европски шампион Монпелје со 32-27. Откако по првото полувреме гостите имаа позитива од два гола (16-18), со фуриозна игра во вториот дел домаќините на крајот успеаја да стигнат, полесно од очекуваното до триумф од 32-27. Емил Мадсен со 10 гола беше убедливо најдобриот поединец кај победникот, додека кај поразените по четири постигнаа Симоне, Пелас и Монте дос Сантос.

Се вчитува...