Барса славеше во Елче, но остана без важен играч

Барселона се зацврсти на врвот на табелата во Примера дивизион славејќи со 1-3 на гостувањето против Елче, само втор домашен пораз на Елче сезонава (по оној од Вилјареал). Триумфот за жал на каталонците беше скапо платен ако се знае дека Рафиња заработи повреда и мораше да биде заменет на паузата, па останува да се види колку Бразилецот ќе мора да отсуствува од фудбалските терени.

Мечот почна одлично за каталонскиот гигант откако Ламин Јамал по само неколку минути игра го отвори резултатот. Следеше израмнувањчки погодок за Елче преку Родригез, но Барса сепак замина на паузата со предност од 1-2, со погодокот на Феран Торес кој воедно беше и најубава акција на натпреварот.

Двата тима имаа свои шанси во вториот дел, а конечните 1-3 ги постави Рашфорд на асистенција на Јамал.

Барса сега има четири бода предност, но и меч повеќе во однос на Реал Мадрид, кој утре го игра својот меч од оваа рунда, на домашен терен со градскиот ривал Рајо Валјекано.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...