Барса со епски пресврт до победа над Селта Виго (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона направија епски пресврт на домашен терен против Селта Виго откако иако имаа негатива и од два гола на крајот успеаја да стигнат до триумф од 3-2.

Водство за гостите од 0-1 донесе Ларсен уште во 19. минута од првото полувреме. На 0-2 зголеми Дувикас во 76. минута. Роберт Левандовски го најави пресвртот со погодокот за 2-1 во 81. минута. Истиот играч пет минути подоцна израмни на 2-2, додека конечните 3-2 беа дело на Кансело во 89. минута.

Лоша вест за Каталонците е  повредата на Френки де Јонг кој го напушти теренот во 36. минута.

Barcelona [2] – 2 Celta Vigo – Robert Lewandowski 85‎'‎
by insoccer

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...