Ракометарите на Барселона со победа над Мотор Запорожје од 42-34 со максимален учинок го завршија настапот во групната фаза во годинашното издание од Лигата на шампионите. Каталонците уште во првото полувреме направија предност од пет гола 23-18, која беше недостижна за Украинците во вторите триесет минути.
Дика Мем со осум гола беше прво име во победничкиот табор, додека кај поразените се истакна Вјачислау Бокан кој заврши со еинаесет погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА