Барселона триумфираше со минимални 0-1 на гостувањето кај Хуеска во 17. коло од шпанската Ла лига. Клучниот момент во натпреварот се случи во 27. минута кога по асистенција на Лионел Меси одлично во петерецот на противникот се снајде Френки де Јонг.
Лионел Меси на овој меч забележа нов јубилеј во дресот на Барселона. Тој вечерва го одигра јубилејниот 500 натпревар во Ла лига за Каталонците.
Барселона со триумфот се искачи на 5. позиција на првенствената табела со 28 бода, додека Хуеска останува на дното со само 12 бодови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

