Барселона продолжува да гази во шпанската Ла Лига, а Ханси Флик покрај со играта и резултатите импресионира и со решеноста да им даде шанса на младите играчи да ги покажат своите квалитети на сениорско ниво.
Така, Барса со импресивна игра успеа да слави на гостувањето против Бетис со 3-5, а уште поимпресивен е податокот дека каталонците стигнаа до овој резултат со најмладиот стартен тим во клупската историја во последните 95 години.
Имено, единаесетмината стартери на Барселона во просек имаа 23,35 години, што е најмлад стартен тим на каталонците уште од дуелот со Сарагоса во декември 1930 година, кога овој просек изесуваше 23,09 години.
Од стартерите највозрасни вчера беа Рашфорд со 28 и Кунде со 27 години, а најмлади ЈАмал и Кубарси со по 18, следени од Швеѓанецот Рони Бардгџи со 20… Балде има 22 години, Педри само 23 исто како и Жерар Мартин…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

