Фудбалерите на Њукасл можат да жалат што одиграа само нерешено 1-1 против Барселона во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.
Иако премиерлигашот во текот на целитот меч беше подобар противник, до предност од 1-0 успеа да стигне дури во 86. минута кога Барнс успеа да го матира гостинскиот голман Џоан Гарсија. И кога сите чекаа крај Чау го фаулираше Олмо во сопствениот шеснаесетник, по што пеналот успешно го реализираше Ламин Јамал за конечни 1-1 во 96. минута.
Newcastle [1] – 0 Barcelona – Harvey Barnes 86'
byu/ayoefico insoccer
Атлетико Мадрид стигна до убедлива победа на домашен терен против Тотенхем од 5-2. На домаќините има беа потребни само 16 минути за да стигнат до убедливото водство од 3-0. Поведоа со голот на Љоренте во 6. минута. На 2-0 зголеми Гризман во 14, а само две минути подоцна беше и 3-0 со погодокот на Алварез, по што Игор Тудор го замени голманот Кински. Во 22. минута веќе беше и 4-0 со погодокот на Ле Норманд. Гостите сепак успеаја да намалат до крајот на првиот дел на 4-1 преку Поро во 26. минута.
Алварез со својот втор гол на натпреварот во 55. минута зголеми на 5-1, додека конечните 5-2 беа дело на Соалнке во 76. минута.
Atletico Madrid 5 – [2] Tottenham – Dominic Solanke 76'
byu/ayoefico insoccer
Германскиот шампион Баерн Минхен ја декласираше Аталанта среде Бергамо со 1-6. Стрелци на головите за Баварците беа Станишиќ, Олисе на двапати, Џексон и Мусиала. Единствениот гол за домаќинот го постигна Марио Пашалиќ во 93. минута.
Atalanta 0 – [6] Bayern Munich – Jamal Musiala 68'
byu/Alsace2025 insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

