Барса со „петарда“ за Реал во женското „Ел класико“ (ВИДЕО)

Фудбалерките на Барселона стигнаа до нова титула, откако денеска во финалето на женскиот Суперкуп на Шпанија славеа во „Ел класико“ против најголемиот ривал Реал Мадрид со убедливи 5-0.

Греам во 31. минута донесе водство за каталонскиот клуб, додека на 2-0 зголеми Пахор во 37. минута. До крајот на првиот дел беше и 3-0 откако во судиското надополнување Пахор го постигна својот втор гол.

Гухаро во 63. минута зголеми на 4-0, додека конечните 5-0 беа дело на Путељас во 85. минута.

 

FC Barcelona Femeni [5] – 0 Real Madrid Femenino – 85' Alexis Putellas [Supercopa final]
byu/MajesticAd5047 insoccer

Се вчитува...