Фудбалерите на Барселона стигнаа до нова лесна победа во Лигата на шампионите откако вечерва во 4. коло славеа на гостувањето во Белград на „Рајко Митиќ“ против Црвена звезда со убедливи 2-5.
Левандовски со два гола и по еден Рафиња, Иниго Мартинез и Фермин Лопез беа стрелци за Каталонците, додека погодоците за домаќините ги постигнаа Силас и Милсон.
FK Crvena Zvezda 1 – [5] Barcelona – Fermin Lopez 76'
byu/Rudigaa insoccer
Aтлетико Мадрид во трилер меч славеше над ПСЖ со 1-2. Заире Емери во 14. минута донесе водство од 1-0 за домаќинот, додека на 1-1 израмни Молина во 18. минута. Конечните 1-2 беа дело на Анхел Кореа во 93. минута.
PSG 1 – [2] Atletico Madrid – Á. Correa 90+3'
byu/etclassico insoccer
Интер славеше против Арсенал со минимални 1-0. Стрелец на победничкиот погодок за „нероаѕурите“ беше Чалханоглу од пенал во судиското продолжение во првиот дел.
РЕЗУЛТАТИ ЛШ 4. КОЛO:
КЛУБ БРИЖ – АСТОН ВИЛА 1-0
ШАХТЈОР – ЈАНГ БОЈС 2-1
ПСЖ – АТЛЕТИКО 1-2
ЦРВЕНА ЗВЕЗДА – БАРСЕЛОНА 2-5
ИНТЕР – АРСЕНАЛ 1-0
ФЕЕНОРД – САЛЦБУРГ 1-3
СПАРТА ПРАГА – БРЕСТ 1-2
ШТУТГАРТ – АТАЛАНТА 0-2
БАЕРН – БЕНФИКА 1-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА