Барса со победа над јапонски Кобе ги стартуваше подготовките за новата сезона (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона го одиграа првиот контролен натпревар пресрет новата сезона, а во него славеа над јапонски Кобе со сигурни 1-3.

Каталонците поведоа со 0-1 со погодокот на Ерик Гарсија во 33. минута од натпреварот. До крајот на првиот дел Јапонците израмнија на 1-1 преку Мијаширо во 42. минута.

Ново водство за Барса донесе новата аквизиција Бардџи во 77. минута, додеа конечните 1-3 беа дело на Фернандез во 87. минута. Своето деби го имаше и Рашфорд кој влезе на полувреме, но мораше да биде заменет во 78. минута.

Vissel Kobe 1 – [3] Barcelona – Dro Fernandez 87'
by insoccer

Се вчитува...