Барса со првиот мега-трансфер во 2026 година

Жоан Лапорта во предизборната кампања вети значително зголемување на буџетот на кошаркарскиот тим на Барселона, ветување што претседателот планира да го исполни веднаш по завршувањето на оваа сезона.

Каталонците планираат сериозен ремонт во играчкиот кадар, а весникот „Мундо Депортиво“ информира дека е договорено и првото големо засилување. Американскиот центар Мозес Рајт ќе го облече дресот на Барселона откако целосно ги договорил условите за двогодишна соработка со овој клуб.

Станува збор за играч кој лани настапуваше за Олимпијакос, а годинава блеска во дресот на Жалгирис наметнувајќи се како еден од најдобрите центри во Евролигата. Литванците се обидоа да го задржат, но Рајт ја одби нивната понуда и се договори со Барса, која ќе плати 500.000 евра како отштета за овој трансфер.

Се очекува Барселона летово да се ослободи од двајцата центри, Јан Весели и Вили Хернангомез, па каталонците планираат покрај Рајт да доведат уште еден врвен играч за борба под обрачите, Џош Нибо од Милано како прва опција.

Се вчитува...