Барса со сите сили тргнува по потписот на Халанд

Барселона има нов план, и тоа многу скап. Каталонскиот клуб полека, но сигурно успева да се избори со финансиската криза. Сè уште не е Барселона која важеше за еден од најголемите потрошувачи, но тие сакаат да се насочат кон можеби најскапиот напаѓач на светот во моментов.

Тие го гледаат Ерлинг Халанд како наследник на Роберт Левандовски во Барселона. Норвежанецот е голема желба на Жоан Лапорте, но Барса во никој случај нема лесно да го добие.

Халанд покажува квалитет во континуитет, па Сити во моментов нема намера да го продаде. Се на се, дури и да дојде понуда на Барселона, таа ќе треба да изнесува околу 170 милиони евра.

Роберт Левандовски влегува во доцните играчки години и има се повеќе проблеми со повредите. Поради оваа причина тие подготвуваат замена во Каталонија. Халанд е приоритетна цел, а ако не успеат да го доведат нова цел ќе биде Хари Кејн.

Се вчитува...