Ракометарите на Вардар ќе се сретнат со Барселона во полуфиналето од Лигата на шампионите, откако каталонскиот гигант беше извлечен за ривал на „црвено-црните“ на денешниот ждреб во Келн.
Македонскиот првак во четвртфиналето го елиминираше Фленсбург, а за противник во својот прв меч од Ф4 турнирот во Келн ќе го има каталонскиот гигант. Македонските репрезентативци Кире Лазаров и Борко Ристовски ќе имаат можност да ги одмерат силите со „вардарци“ во битка за место во големото финале.
Во вториот полуфинален натпревар силите ќе ги одмерат Веспрем и ПСЖ.
Полуфиналните натпревари ќе се играат на 3 јуни во „Ланксес арена“ во Келн, а големото финале и мечот за третото место на програмата ќе бидат на
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА