Енис Барди беше споредуван со Лионел Меси во пресрет на денешниот дуел, како најава на двајцата најдобри изведувачи на слободни удари во Примера дивизион. Валверде во последен момент реши Меси да не допатува со тимот во Валенсија, а Барди го искористи тоа за на сите да им покаже дека е многу повеќе од мајстор за слободни удари.
Македонецот е модерен играч за врска, кој помага на сопствената половина, го разигрува тимот, а кога ќе му се укаже шанса безмилосно ја тресе противничката мрежа. Најдобар сведок е Тер Штеген, кого сезонава ниту еден фудбалер го немаше совладано повеќе од еднаш на натпревар.
А вечерва налета на Леванте, па Барди е првиот играч што му даде два гола на една сезона, заедно со Боатенг кој постигна хет-трик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

