Полски автор објави биографија за еден од најдобрите фудбалери во оваа земја Роберт Левандовски. Биографијата е главна тема не само во Полска, туку и во цела Европа.
Во книгата се споменува дека во сезоната 2022/2023, откако официјално беше освоена титулата во лигата, Барса го замолила Левандовски да престане да постигнува голови. Играчот бил шокиран и збунет, но подоцна сфатил дека Барса ќе треба да плати дополнителни бонуси на Баерн Минхен за неговиот трансфер.
Сумата за ова „непристојно барање“ до најдобриот стрелец изнесувала 2,5 милиони евра, што каталонците ги заштедиле бидејќи Полјакот излегол во пресрет за она што било побарано од него.
Левандовски не постигна гол во последните два натпревари и ја заврши сезоната во лигата со 23 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

