Барса во голеада до победа над Славија Прага, Ливерпул го освои Марсеј, триумф и за Челси, Јуве, Баерн… (ВИДЕО)

Фудбалерите на шпанскиот шампион Барселона славеа на гостувањето кај Славија Прага со 2-4 во натпревар од 7. коло од новата сезона во Лигата на шампионите.

Чесите до водство од 1-0 дојдоа со погодокот на Кусеј во 10. минута, откако по корнерот на домашниот тим, целата одбрана на Каталонците предводена од голманот Џоан Гарсија интервенираа пацерски.

До крајот на првиот дел Барса стигна до целосен пресврт (1-2) со двата гола на Фермин Лопез, додека домаќините успеаја на пауза да заминат со 2-2 со автоголот на Левандовски во 44. минута. Ново водство за гостинот донесе Дани Олмо во 63. минута (2-3), додека конечните 2-4 ги постави Левандовски во 71. минута.

Slavia Prague 2 – [4] Barcelona – Robert Lewandowski 71'
byu/ayoefico insoccer

 

Ливерпул без проблеми славеше на гостувањето кај Олимпик Марсеј со 0-3, додека Челси стигна до минимална победа над Пафос од 1-0. Победи од 2-0 остварија, Баерн Минхен против Унион Сен Жилон и Јувентус против Бенфика.

РЕЗУЛТАТИ ЛШ 7. КОЛО: 

АТАЛАНТА – АТЛЕТИК БИЛБАО 2-3

БАЕРН М. – УНИОН СЕНТ ЖИЛОН 2-0

ЧЕЛСИ – ПАФОС 1-0

СЛАВИЈА ПРАГА – БАРСЕЛОНА 2-4

ЈУВЕНТУС – БЕНФИКА 2-0

ОЛИМПИК М. – ЛИВЕРПУЛ 0-3

ЊУКАСЛ – ПСВ АЈНДХОВЕН 3-0

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...