Барселона рутински славеше во полуфиналето од Купот на Шпанија против Бидасоа, но триумфот остана во сенка на повредата на Дика Мем.
Најдобриот ракометар на каталонскиот гигант настрада при постигнувањето на еден гол, замина кон соблекувалната и повеќе не се врати на теренот.
Каталонците по мечот потврдија дека станува збор за проблем со мускулот на ногата, по што ќе следи пауза од најмалку еден месец од терените.
Повредата на францускиот бомбардер доаѓа во најлош момент за Барса, ако се знае дека наскоро ќе следи продолжението на Лигата на Шампионите, а Мем нема да може да помогне во продолжението од групната фаза во кои каталонците ќе водат битки за што подобар пласман пред нокаут-фазата, вклучувајќи го тука и големото дерби со Магдебург.
Како што најавуваат шпанските медиуми, Мем би можел да се врати токму за дуелот со македонскиот првак Е. Пелистер закажан за 11 март.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

