Барса во неволја: Мејл кон семејството на Гризман открива дека преговорите почнале многу порано

Шпанскиот клуб Атлетико Мадрид доби значаен доказ во битката за докажување дека Барселона многу почнала со преговорите за ангажман на Антоан Гризман. Клубот се обидува да докаже дека Барселона почнала преговори пред 1 јули 2019 година, кога отштетната клаузула во неговиот договор изнедуваше 200 милиони евра. По овој датум, клаузулата ’падна’ на 120 милиони евра, а Барселона ја активираше и го ангажираше Французинот. Сепак, Атлетико Мадрид поведе правна битка и бара уште дополнителни 80 милиони евра.

Откриен е мејл испратен во март кон неговата сестра Мауд и неговиот татко Алан, кои се водат како негови застапници, а со понуда од Барселона. Сега мејлот е во рацете на првиот човек на Атлетико Мадрид, Михел Анхел Гил Марин, тврди „Ел Мундо Депортиво“.

Овој и-мејл открива дека фудбалерот многу порано преговарал со Барселона што не е дозволено. Во тој период се договорени и личните услови на Гризман за трансфер на „Камп Ноу“, а потоа Барселона го чекала 1 јули за да ја активира клаузулата со многу помала сума.

 

Се вчитува...