Само неколку часа по претставувањето на Филипе Кутињо, Барселона постигна договор со Палмеираш за услугите на нивниот деанзивец Јери Мина. Каталонскиот гигант ќе исплати околу 15 милиони евра, мал процент од тие средства ќе добијат претходните клубови на Мина, Санта Фе и Депортиво паста.
Бројни бразилски медиуми тврдат дека преговорите се завршени и се чека потпис на фудбалерот, а сето тоа ќе се случи во текот на следните неколку дена, додека се очекува Колумбиецот уште утре да пристигне во Барселона и да ги обави медицинските прегледи.
Барса претходно имаше постигнато договор да го доведе Мина по крајот на оваа сезона за 10 милиони евра, но разделбата со Хавиер Маскерано го остави Валверде без многу опции во одбраната, па затоа на понудата додадоа пет милиони евра за да го откупат во овој преоден рок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА