Се беше прекрасно за Лионел Меси, кој вчера беше крунисан за најдобар светски фудбалер за 2019, а вечерва за првпат сезонава стартуваше од самиот почеток за Барса. Каталонците поведоа со 2-0 во раната фаза од дуелот со Вилјареал, а потоа – шок на „Камп ноу“, најдобриот фудбалер на Барселона повторно заработи повреда.
Тој се обиде да продолжи, го доигра полувремето, но потоа по консултациите со лекарскиот тим беше одлучено Аргентинецот да не се врати на теренот, а на негово место мечот да го доигра Дембеле.
Во текот на утрешниот ден се очекуваат детални анализи на повредата, но првичен впечаток е дека станува збор за обновување на стариот проблем, што ќе значи нова пауза од најмалку дваесетина дена. Во ситуација кога Барселона веќе имаше очаен старт на сезоната, ова ќе биде огромен проблем за Валверде и неговите избраници во обидот да ги стигнат ривалите во трката за титулата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА