Барса заспа на корнер – Ориги зголеми на 4-0

Ливерпул се надминува себе си, па „црвените“ поведоа и со 4-0 на реваншот против Барселона, и тоа благодарение на вториот гол на Дивок Ориги.

Најзаслужен сепак е младиот Трент Александер Арнолд, кој најпрвин изнуди корнер, а потоа откако забележа дека одбраната на Барса воопшто не е наместена го проигра во празно Ориги, кој од пет метри ја смести топката во мрежата на Тер Штеген.

Доколку резултатот остане ваков, Ливерпул ќе се пласира во големото финале со еден од најголемите пресврти во историјата на Лигата на шампионите.

Се вчитува...