Македонскиот првак Вардар го доби градското дерби против Работнички со 1-0 и ќе презими со осум бода негатива во однос на лидерот Шкендија по есенскиот дел од првенството во Првата лига. Тигран Барсегјан во 78.минута успеа да ја затресе мрежата на „романтичарите“, откако одлично се снајде во противничкиот шеснаесетник по центаршутот на Фелипе од левата страна.
Вардарци долго време се обидуваа да го отворат резултатот, а ги засилија нападите во самата завршница од мечот. Бобан Николов во 74.минута го погоди дирекот од голот на Работнички, а Даниел Божиновски во 77.минута на фантастичен начин го одбрани ударот на Максим Максимов.
Во продолжението од акцијата, Фелипе подготви шанса за Барсегјан, а тој не погреши и ја затресе мрежата на Работнички.
Чарлс Гофри имаше шанса да возврати во 82.минута, но шутираше над голот.
Шкендија е есенски првак со 46 бода, Вардар ќе презими на второто место со 38 бода, а на третата позиција е Силекс со 31 бод. Работнички по 18 одиграни кола се наоѓа на петтото место со 23 освоени бода.
Фото+видео: www.fkvardar.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА