Оптимистичко е расположението во вардаровиот табор пред утрешниот натпревар против Реал Сосиедад на домашен терен во Лигата на Европа.
По двата претходни убедливи порази, од Зенит (0-5) и Розенборг (1-3), офанзивецот на „црвено-црните“, Тигран Барсегјан верува дека утре македонскиот шампион ќе го прикаже најквалитетното свое досегашно издание во групната фаза од Лигата на Европа и ќе успее да дојде до позитивен резултат…
„Добро знаеме дека Реал Сосиедад е фаворит, но мислам дека ние ќе одиграме добар натпревар. Знам дека ќе одиграме максимално од срце за да дојдеме до добар резултат. Ќе играме офанзивно со желба за постигнување голови. Со почит но не со преценување на противникот кој добро го анализиравме. По двата претходно порази сега навистина сакаме да ги израдуваме нашите навивачи“ – истакна Барсегјан на денешната прес-конференција на „Филип Втори“.
Натпреварот меѓу Вардар и Реал Сосиедад утре стартува од 19 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА