Барселона активно по Меси, сепак последниот збор е на Аргентинецот

Не е веќе никаква тајна дека Барселона сака да го врати во своите редови Лионел Меси кој во 2021 година го напушти клубот и кариерата ја продолжи во француски ПСЖ.

Славниот Аргентинец разочаран и тажен ги напушти редовите на каталонскиот клуб. Поради финансиската ситуација во клубот не можеше да остане. Но, нештата само една година подоцна се целосно променети. Барселона сега е максимално активна во обидот да го врати Меси.

Сепак, ова лето е јасно дека ќе биде сето тоа тешко изводливо, но…

„Би сакал времето на Меси во Барселона да не е завршено. Не знам дали е тоа изводливо ова лето, но во блиска иднина сигурно сите знаеме дека Меси заслужува втора фаза од кариерата во Барселона. Тоа е желба на сите нас, но последниот збор ќе биде негов“ – вели тренерот на Барселона, Чави Хернандез.

Се вчитува...