Барселона бара да им се одземат титулите на Реал Мадрид

На повидок е нова војна меѓу Барселона и Реал, овој пат меѓу кошаркарските секции на двата клуба. Причината е фалсификуваниот пасош на Маркус Слејтер од 2015 година, кој тогаш настапуваше за „кралевите“.

Доколку судот потврди дека Американецот имал лажни документи, Каталонците ќе бараат на Реал да му бидат одземени титулите во Ендеса лигата и Копа дел Реј за таа година. Во двете финалиња ја совладаа Барселона.

Случајот е отворен пред судот во Мадрид, а Американецот Слејтер е обвинет дека незаконски добил пасош од Екваторијална Гвинеја неколку дена пред почетокот на Купот на кралот 2015 година за да игра во тоа натпреварување како домашен играч. Гвинеја порано се нарекуваше Шпанска Гвинеја, а сега има статус на шпанска провинција. Покрај тоа, Слејтер му платил 35.000 евра на Ричард Нгуем, некогаш млад играч на Реал, преку кој воспоставил контакт со владата на Екваторијална Гвинеја.

Меѓутоа, работата очигледно не била добро завршена, бидејќи недостасуваат некои страници од пасошот, а погрешни се и информациите на Слејтер. Реал не даде официјална изјава за овој случај, но Барселона излезе со изјава преку својот адвокат.

„Ќе бараме на Реал да му бидат одземени титулите“, изјави адвокатот на Барса Џорди Пина.

Се вчитува...