Барселона бара нереална цена за Обамејанг: Челси ќе го враќа Мората?

Челси ги договори личните услови со Пјер Емерик Обамејанг, но не успева да најде заеднички јазик со Барселона за ангажман на габонскиот репрезентативец. Сумата која каталонците ја бараат за неговите услуги е 30 милиони евра, а лондонскиот клуб нема намера да ја прифати истата.

„Сините“ во преговорите го вклучија и Маркус Алонсо, но и тоа не беше доволно за двата клуба да ги „подадат рака“ на понудата од 15 милиони евра. И покрај тоа Обамејанг останува приоритетен трансфер за Челси кој ќе испрати нова понуда, но доколку не најде решение ќе тргне по Алваро Мората, пренесуваат англиските медиуми.

Шпанскиот репрезентативец беше дел од Челси и во минатото, но тогаш не успеа да ги оправда 66-те милиони евра кои ги плати англискиот клуб. За две години поминати на „Стемфорд Бриџ“ постигна само 24 голови па замина во 2019 година, но оттогаш успеа да ја врати формата бранејќи ги боите на Јувентус како позајмен играч од Атлетико Мадрид.

Оваа сезона 29-годишникот се врати на „Ванда Метраполитано“, а и покрај тоа што се очекуваше да биде продаден, доби шанса од Диего Симеоне и возврати во одлично светло, започнувајќи ја сезоната со два гола на гостувањето кај Гетафе.

Се вчитува...