Барселона без Флик до крајот на годинава

Тренерот на Барселона, Ханс Флик доби суспензија од два натпревари во шпанската Ла Лига, по црвениот картон на натпреварот со Бетис во шпанското првенство кој заврши без победник 2-2.

Флик доби исклучување во 66. минута по една жестока реакција кон судиите за досудениот пенал по кој Бетис успеа да израмни на 1-1.

Шпанската федерација се одлучи да му изрече суспензија на следните два натпревари. Барселона следните две кола ги игра на домашен терен против Легањес и против Атлетико Мадрид, што ќе бидат последни два натпревари за оваа година.

Се вчитува...