Барселона без проблеми против Елче (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона им се вратија на победите во домашниот шампионат откако вечерва без поголеми проблеми славеа против Елче со 3-1 во меч од 11. коло од новата сезона во Ла лига.

Домаќините уште во 9. минута стигнаа до водство од 1-0 со погодокот на Ламин Јамал. Само две минути подоцна беше 2-0 откако Феран Торес прецизно стрелаше во противничкиот гол. До крајот на првиот дел гостите успеаја да намалат на 2-1 преку Мир во 42. минута. Сите дилеми околу победникот ги разреши Рашфорд кој во 61. минута ги постави конечните 3-1.

Barcelona [2] – 0 Elche – Ferran Torres 12'
byu/West_Agent4651 insoccer

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...