Фудбалерите на Барселона стигнаа до сигурна победа на домашен терен против Осасуна од 3-0 во првиот меч по репрезентативната пауза како дел од 27. коло во шпанската Ла лига.
Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Феран Торес уште во 11. минута. На 2-0 зголеми Дани Олмо од пенал во 21. минута, а само седум минути подоцна истиот фудбалер доживеа повреда поради која мораше да го напушти теренот.
Конечните 3-0 ги постави Роберт Левандовски во 77. минута.
Barcelona [3] – 0 Osasuna – Robert Lewandowski 77'
byu/charasteve insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА