Барселона без Рафиња и тренерот Чави на следните два меча

Тренерот на Барселона, Чави и напаѓачот Рафиња ќе добијат суспензија од два меча поради црвените картони на мечот со Гетафе во првиот меч од новата сезона во шпанската Ла Лига, во која „Каталонците“ направија кикс и одиграа само без голови.

Рафиња доби црвен картон непосредно пред крајот на првиот дел поради удар со лакт. Тренерот на Барса беше казнет поради протест кон судиите во вториот дел.

Ла Лига не покрена постапка за изјавата на тренерот Чави кога по мечот кажа дека „оваа дополнителна минутажа е срамота“, и нема да добие дополнителна суспензија. Во меѓувреме Рафиња им се извини на сите во Барселона и на навивачите за исклучувањето.

„Направив грешка која можеше многу повеќе да го чини тимот. Не сакав на ваков начин да ја почнам сезоната. Сфаќам што направив и јас сум одговорен за случувањата на мечот“, рече Рафиња.

Се вчитува...