Барселона чека Лидс да испадне од Премиерлигата па да тргне по Рафиња

Барселона полека, но сигурно ги надминува финансиските проблеми со кои се соочи поради пандемијата на коронавирус па така и тимот добива стабилност. А, по ангажманот на неколку врвни играчи, каталонците немаат намера да престанат со засилувања, но сега погледите се насочени кон Премиерлигата.

Имено, станува збор за фудбалерот на Лидс, Рафиња кој по пристигнувањето на „Островот“ се наметна како еден од најдобрите играчи во врвот на англискиот фудбал. За услугите на Бразилец во зимскиот преоден рок беше заинтересиран и Баерн Минхен, но тогаш Лидс одолеа на баварската понуда.

Сепак и покрај интересот од Германците, Барслона нема да брза за ангажман на 25-годишникот и ќе чека до последен момент со оглед на тоа што во договорот со Лидс постојат две опција за откупна клаузула.

Доколку Лидс успее да избори место во Премиерлигата и следната сезона истата ќе изнесува 75 милиони евра, наспроти 25 милиони евра доколку „падне“ во Чемпионшипот па јасно е за која опција ќе „навива“ каталонското раководство.

По 30. одиграни натпревари Лидс се наоѓа на 16. место на табелата со 29 освоени бода, седум повеќе од 18. пласираниот Вотфорд кој има и натпревар помалку.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...