Натпреварот помеѓу Барселона и Валенсија би можел да се одржи на стадионот „Јохан Кројф“, каде што фудбалерите ги одржуваат своите тренинзи и играат тренинг натпревари.
Како што објави „Мундо Депортиво“, Ла Лига денес ѝ даде зелено светло на Барса да го организира натпреварот на 14 септември на стадионот „Јохан Кројф“ како алтернативна опција доколку „Камп Ноу“ не добие лиценца за користење од Градскиот совет на Барселона.
Каталонците сè уште не го добиле конечниот сертификат за градба за да го достават до градскиот совет.
Стадионот „Јохан Кројф“ има капацитет од 6.000 гледачи, што е под минималниот капацитет потребен за Ла Лига. Сепак, можно е да се направи исклучок само за овој случај.
Ла Лига, исто така, побара од „Блауграната“ оптичка врска за да се осигури за работата на ВАР, за да се спречи ситуација слична на онаа што се случи на натпреварот на Каталонците против Рајо Ваљекано.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

