Барселона доминира во Европа (ФОТО)

Младинскиот тим на Барселона до 19 години не дозволи изненадување и на доминантен начин ја освои младинската Лига на Шампиони славејќи против Трабзонспор со убедливи 4-1 во големото финале.

Каталонците победата ја најавија уште од самиот почеток на средбата стрелајќи во 11. и 18. минута преку Диара и Куенка за предност од 2-0 на полувремето.

И вторите 45. минута поминаа во целосна доминација на Барселона која постигна уште два гола преку Алба во 57. минута и Диара кој со вториот свој гол донесе превисока предност. Турскиот тим поразот го ублажи преку Тибукоглу во 88. минута.

Се вчитува...