Раководството на Барселона донесе конечна одлука околу иднината на својот фудбалње Маркос Алонсо. Барселона одлучи да го задржи искусниот дефанзивец во своите редови, и покрај тоа што во последно време се погласни беа шпекулациите за негово заминување и враќање во Премиер лигата, а имаше интерес и од Саудиска Арабија.
Чави го увериле Алонсо дека на него се смета во следната сезона, и затоа тој немад а добие трансфер. Се очекува левиот бек да биде втора опција, со оглед дека таму веќе прв избор е младиот Алехандро Балде.
Поранешниот играч на Челси беше користен и како стопер, но по потписот на Мартинез, тој се враќа на неговата позиција лев бек.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

