Барселона доведе 19 годишен бисер и го „осигура“ на 100 милиони евра

Барселона го реализираше трансферот на талентиран играч за врска Пабло Торе. 19-годишникот на „Камп Ноу“ доаѓа од редовите на Реал Рејсинг Сантандер за 5 милиони евра и ќе има откупна клаузула од 100 милиони евра.

На почетокот младиот фудбалер кој претходната сезона постигна 10 гола и оствари 9 асистенции ќе настапува за Барселона Б, но очекувањата се дека ќе добие шанса и во првиот тим.

Се вчитува...