Лидерот на табелата во Ла Лига, тимот на Барселона, ќе биде без крилниот напаѓач Осман Дембеле во наредните две седмици. Тој го повреди скочниот зглоб на синоќешниот натпревар против Леганес (2-1) на „Камп Ноу“. Проценките се дека ќе мора да отсуствува најмалку две седмици.
Дембеле беше повлечен од игра во 68.минута, а на негово место во игра влезе Малком. Дембеле оваа сезона беше инволвиран во 11 гола на 19 натпревари. Тој е стрелец на осум гола, а имаше и три асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА