Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта размислува да му го продолжи договорот на данскиот интернационалец Андрес Кристенсен на уште една година. Фудбалерот од одбраната е повреден, и ќе отсуствува неколку месеци, но и покрај тоа би можел да остане во каталонскиот тим.
Тековниот договор на Кристенсен истекува идното лето. Меѓутоа фудбалерот бил многу вознемирен од резултатите на повредата, и затоа Лапорта одлучил да не го остави без клуб по враќањето, и да му ја продолжи соработката на уште една година.
Кристенсен во послдно време се соочува со големи проблеми поради повреди. Минатата сезона одигра само шест натпревари поради повреда на Ахиловата тетива. Сезонава одигра 513 минути во сите натпреварувања за каталонскиот гигант.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

