Поранешниот голман на Барселона и Манчестер Сити, Клаудио Браво кој настапуваше од 2014 до 2016 година за Барселона по што реализираше трансфер во Манчестер Сити каде се задржа до 2020 година, ги коментираше своите поранешни клубови.
Чилеанецот вели дека Барселона е голем клуб само на „хартија“, но управувањето на клубот е на ниво на мал клуб, додека Манчестер Сити е внатрешно гигантски клуб.
„Барса функционира како мал клуб, а е еден од најголемите клубови во светот заедно со Реал Мадрид. Гигант, но внатрешно многу мал клуб. Таму секогаш се вртат истите лица, неколку влијателни луѓе. Истите фудбалери, вработени, истото обезбедување и готвачи.
За разлика од Барса, Манчестер Сити е внатрешно гигантски клуб. Великан пред се. Таму има многу луѓе кои што се грижат фудбалерите најефективно да се развиваат и ништо да не им недостасува. Сити не штеди и се труди секогаш да го има најквалитетното. На секоја позиција во клубот има по неколку луѓе кои што одлично си ја вршат работата“, вели Браво.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА