Барселона е подготвена да се откаже од Суарез заради Гризман

Барселона е подготвена да го продаде Луис Суарез ова лето како би ослободила место за Антоан Гризман, тврдат каталонските медиуми. Гризман во договорот со Атлетико има отштетна клаузула од 100 милиони евра, а Барселона е подготвена толку да плати за 27-годишниот напаѓач.

Но, каталонците на располагање имаат 60 милиони евра. Остатакот ќе мора да го пронајдат со продажба на актуелни фудбалери. Суарез е четири години постар од Гризман, па за Барса следниот преоден рок е можеби последна шанса за голем трансфер на уругвајскиот напаѓач.

Суарез во Барселона игра од 2014 година, кога пристигна од Ливерпул за 83 милиони евра. За тимот од „Камп Ноу“ постигна 151 гола во 196 натпревари.

Неодамна Суарез порача дека би сакал да игра со Гризман во нападот, но очигледно постои и опција Французинот без Уругваецот да го предводи нападот на Барселона.

Се вчитува...